Кога таа ќе се појави во јавност само во градник и хулахопки, сите се радуваат што барем облекла нешто!

Уште едно шокантно издание на Бјанка Цензори

Бјанка Цензори се појавила во јавност со сопругот Канје Вест, и за таа пригода облекла градник и проѕирни хулахопки, под кои не носела гаќички

Бјанка Цензори (29) излегла во еден ресторан со сопругот Канје Вест и за таа пригода облекла проѕирни хулахопки и градник од тантела. Додека чекорела самоуверено, папараците го следеле секој нејзин чекор, додека Канје Вест одел покрај неа облечен во црно, постојано проверувајќи дали нејзината облека и држењето ѝ се на место.

Бјанка почнала да се облекува многу провокативно од минатата година, а последниве неколку месеци во јавноста се појавуваше сосема гола, не носејќи ни гаќички.

Сега, кога се појавила облечена во градник и хулахопки, сите се израдувале што барем се облекла.

Нејзината сестра Енџи неодамна изјавила дека целото семејство го поддржува нејзиниот брак со Канје Вест и дека на сите им се допаѓа тоа што тој го прави и начинот на којшто го прави.

На коментарите дека не го поднесуваат тоа што ја прикажува нивната сестра и ќерка како некаков трофеј, таа рекла:

„Тоа се глупости. Нашиот татко никогаш се нема огласено за медиумите и сите ние го поддржуваме Канје Вест.“

Енџи ја опишала Бјанка како своја најблиска пријателка и личност од доверба и кажала дека ги поддржува сите нејзини одлуки и настапи во јавност.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.