Канје Вест ја ископира Карлеуша: Јелена пред 14 години носела ваква црна маска!

Карлеуша секогаш била пред своето време...

Јелена Карлеуша му послужи како инспирација на светски познатиот раперот Канје Вест. Имено, тој целосно го ископирал нејзиниот изглед од 2010-та година и со тоа пејачката се пофали на социјалните мрежи.

Повеќекратниот добитник на Греми наградите носи црно од глава до пети, исто како поп дивата пред 14 години, додека на челото стои детал, распнат Исус, исто како Јелена.

Карлеуша со овој стајлинг снимила спот во далечната 2010-та година за потребите на спектаклот во Белградска Арена.

Тоа го видела и ЈК која на социјалните мрежи објави дека Канје ја копирал.

„Големите умови слично размислуваат“ – пишува под нејзината објава.

Постапката на раперот веќе стана вирална на социјалните мрежи, а многумина коментираа како Карлеуша секогаш била пред времето.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.