Отишла на одмор во Италија без долна облека, а сега се огласил и татко ѝ: Еве што има тој да каже!

Го обвинува Канје Вест

Се огласил таткото на Бјанка Цензори, кој има само едно нешто да каже за Канје Вест

Бјанка Цензори отишла во Италија со сопругот Канје Вест и одлучила да не носи долна облека на одморот.

Па така, била видена како оди на вечера облечена во проѕирен комбинезон под кој не носела ништо. Додека нејзините гради се разлевале на сите страна, таа овој пат се обидела да го сокрие меѓуножјето со телефонот!

Се шпекулира дека би можела да биде казнета со околу 15.000 евра, бидејќи свесно во јавност покажува голотија.

Бјанка и во Париз се прошетала практично гола, па се чини дека казната воопшто не ја загрижува.

Канје Вест го најави нејзиниот нов стил во јануари со објава од неговата речиси гола жена, под која напишал:

„Без панталони оваа година.“

Од тој момент, Бјанка се појавува во јавност во сè пошокантни изданија.

Во врска со појавувањата на Бјанка во јавност се огласил и нејзиниот татко, кој за сето ова го обвинува Канје Вест.

Добро информиран извор вели дека семејството е повредено и шокирано поради тоа што нивната ќерка и сестра се шета наоколу гола, како „трофејно пони“.

Нејзиниот татко, наводно, го прашал Канје како тој би се чувствувал кога неговите ќерки Норт и Чикаго еден ден би шетале така голи наоколу.

„Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што си мисли, по ѓаволите, кога парадира со Бјанка како со некое голо трофејно пони“, вели извор близок на парот.

„Ниту еден нормален маж не би ја охрабрил жена му да излезе гола во јавност. Ова не е љубов, ова е чиста манипулација и контрола“, додал изворот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.