Рецепт за највкусната овошна торта: Лесна и се топи во уста!

Вкусен десерт...

Тортата шумска фантазија е нешто помеѓу чизкејк и обична овошна торта, а нејзиниот вкус е фантастичен. Десерт кој лесно се подготвува.

Состојки:

За тестото:
– 250 гр брашно
– 100 гр шеќер
– 80 гр путер
– Еден прашок за пециво
– Еден ванилин шеќер
– Едно јајце

За полнење:
– 500 мл млеко
– 200 гр шеќер
– 800 гр млечен крем
– пудинг од ванила
– шумско овошје (по избор, околу 500 гр.)
– прелив за овошни колачи

Подготовка:

Измешајте ги состојките за тестото и оставете го да отстои околу 45 минути во фрижидер. Потоа расукајте го и ставете го на дното на кружна тава која претходно сте ја намачкале со маргарин и ја посипавте со брашно.

За филот сварете го пудингот со шеќер според упатството на кесичката, па тргнете го од шпорет. Додека е уште жешко, истурете го кремот во него и истурете сè веднаш во тавата. Ставете го овошјето преку филот.

Во рерна загреана на 170 степени, печете го колачот околу 70 минути. Кога ќе се испече, оставете го во фрижидер добро да се излади, па прелијте го со преливот за колачот, па повторно вратете го во фрижидер. За најдобар вкус, оставете го во фрижидер преку ноќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.