Едвај дише и зборува, додека кожата ѝ мувлосува: Имала повеќе од 100 операции, а еве како изгледа денес!

Како изгледа Џесика Алвес денес?

Секогаш кога ќе помислиме дека оваа жена не може да изгледа полошо, таа нè демантира со секое свое ново појавување

Сите се шокираат кога ќе слушнат дека зад овој изглед се крие некогашен маж. Родриго Алвес има една задача во животот: да шокира што повеќе луѓе и за сега, одлично му оди.

Имено, овој маж прво направил низа пластични операции за да се претвори од класичен Бразилец во бел, рус младич по име Кен!

Изгледот на кукла го постигнал со низа критични операции, за потоа да одлучи дека, сепак, сака да стане жена.

Од Кен станал Барби, и тоа со операции за коишто ја потрошил сета своја заштеда, односно повеќе од илјадници и илјадници долари. Според медиумите, досега имал повеќе од 100 операции за да изгледа вака.

Сега папараците ја фотографирале Џесика Алвес тип-топ средена, но очигледно е дека кожата ѝ е затегната до пукање, па јасно е предупредувањето од докторите дека оваа жена не смее веќе да направи ниту една единствена операција.

Како што пренесуваат странските медиуми, таа го оперирала својот нос 11 пати и сега едвај дише, а очите едвај може да ги затвори. Џесика отишла дури и во Турција за да го оперира желудникот. Сега ѝ останале само 20 отсто од желудникот и открила дека веќе не чувствува глад.

Се шушка дека во Бразил се обидела да направи трансплантација на матка, со што би била првата транс-жена која го постигнала тоа.

Нејзиното семејство жестоко се противи на тоа и се обидува да ја опамети, но Џесика не се откажува иако неодамна имала проблем со гангреном на одредени делови од телото по интервенциите.

„Кожата ѝ мувлосува на неколку места и ѝ се распаѓа по операциите“, изјавил еден пријател кој бил со неа во Азербејџан, каде што направила уште едно затегнување на лицето и липосукција.

Направила сè за да личи на жена, но не му се допаднала на ниту еден маж: Сега очајно се обидува да заведе старец
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе