(ФОТО) Комплетот што го носи Аманда Холден може да го носат девојки во 20-тите и жени над 50 години

Идеален е за секоја пригода, а парчињата може да се носат и одделно.

Волшебниот глас на Heart FM и член на жирито на шоуто Britain’s Got TalentАманда Холден не престанува да ја воодушевува јавноста со своите комбинации кои ги инспирираат дамите ширум светот.

Британската џебна Венера, како што многумина ја нарекуваат, папараците често ја фотографираат во беспрекорни комбинации, кои секоја жена би ги посакала за себе.

Овој пат беше видена на лондонските улици во модно издание со кое им зададе домашна задача на многумина – носеше прекрасен сив комплет, кој е идеален за секоја пригода.

Комлетот се состои од тесно здолниште до зглобовите и елек.

Овој комплет не само што е идеален за секоја пригода, туку може да го носат девојки во дваесеттите години, но и дами постари од 50 години.

Аманда го носеше со беж чевли и голема чанта „Кристијан Диор“, додека косата ѝ беше врзана во високо опавче.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе