Рецепт на денот: Највкусните кифлички со сирење и спанаќ на кои не би можеле да им одолеете!

Вкусно!

Дури и оние кои што не се вешти во кујната можат да ги направат овие кифлички, рецептот е многу едноставен.

Состојки:

За тестото:

  • 450 гр пченично брашно
  • 125 гр замрзнат путер или замрзнат маргарин
  • 150 мл вода
  • 50 мл масло
  • 100 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1-2 лажички сол

За полнење:

  • 300 гр ситно сирење
  • 250 гр спанаќ
  • малку сол

За премачкување:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица сусам

Подготовка:

Во поголем сад ставете млако млеко, додадете шеќер, квасец и една лажичка брашно. Добро измешајте и оставете го квасецот да се активира.
Во друг сад измешајте половина брашно и сол. Во него додадете квасец, топла вода и 30 мл масло. Тестото се меша со миксер и постепено се додава брашното. Кога веќе не можете да мешате со електричниот миксер, замесете го тестото со раце. Додадете го преостанатото масло и повторно добро замесете го тестото. Покријте го тестото со крпа и оставете го на топло место еден час да нарасне. Во меѓувреме направете го филот за кифличките. Исечкајте го спанаќот, оставете го да отстои. Расукајте го тестото со сукало до дебелината на малиот прст. Одозгора изрендајте замрзнат путер или маргарин. Расукајте го тестото и малку притиснете го.
Исечете го тестото на три дела. Секој дел расукајте го во топче и добро притиснете. Потоа расукајте со сукало. Секој круг исечете го на триаголници и филувајте со подготвениот фил. Свиткајте ги кифличките и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Намачкајте ги кифличките со изматена жолчка и посипете ги со сусам. Кифличките печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути. Оставете да се изладат пред сервирање.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.