Варени јајца полнети со сочен и вкусен фил: Урнебес и шунка

Предлог рецепт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

– варени јајца

– 100 гр сирење

– 100 гр шунка

– мајонез

– Кисела павлака

– сол и црн пипер

-малку искршена лута пиперка

Подготовка:

Јајцата пресечете ги на половина по должина и извадете ги жолчките. Во чинија издробете ги жолчките, сирењето, мајонезот, павлаката и сечканата шунка и додадете малку лута пиперка. Измешајте за да добиете смеса слична на паста. Со него се филуваат белките и се редат во чинија.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.