Чоколадо со кокосово масло – десерт од 3 состојки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

2 лажици кокосово масло

2 лажици какао

половина лажица мед

ПОДГОТОВКА

Во мал сад измешајте ги сите 3 состојки и мешајте додека не се поврзе сосема. За благо прилагодете по вкус со количината на медот. Излијте ја чоколадната смеса во тавче обложено со хартија за печење и измазнете одозгора со шпатула. Ставете го чоколадото во замрзнувач на 20 минути, а потоа извадете го и исечете го со нож на парчиња. Послужете веднаш и уживајте.

Напомена:

Важно е кокосовото масло да не е сосема стопено бидејќи така какаото и маслото ќе се раздвојуваат. За мазна текстура најдобро е да користите цврсто, но омекнато кокосово масло. Овој рецепт е неверојатно прилагодлив, па слободно бидете креативни. Додадете повеќе или помалку мед (или некој друг засладувач), парчиња кокос, сецкани бадеми, ф’стаци, сушено овошје, парчиња сирово какао… Комбинациите се бескрајни.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.