Најлесен десерт што можете да го приготвите многу брзо: Неодолив чоколаден мус!

Ммм...

Ако сакате да се облажите со нешто лесно и чоколадно, ние го имаме совршениот рецепт за вас! Овој чоколаден мус мора да го пробате!

Состојки:

  • 2 чоколада
  • 2 лажици путер
  • 6 јајца (жолчките и белките раздвоени)
  • 80 гр + 2 лажици шеќер
  • 120мл слатка павлака

Подготовка:

  • Искршете ги чоколадата на ситни парчиња и заедно со путерот ставете ги во огноотпорен сад над тенџере со вода која врие. Мешајте со дрвена лажица за да се растопи.
  • Оставете го чоколадото да се олади неколку минути, а потоа додавајте ги жолчките – една по една. Мешајте добро по секоја додадена жолчка за смесата да биде хомогена.
  • Во одделен сад, изматете ги белките за да добиете пена. Бавно додавајте го шеќерот и миксирајте додека не добиете цврста пена. Ќе знаете дека е доволно кога на мешалките ќе се оформат „врвови“ од пената.
  • Внимателно измешајте ја пената од белки во чоколадната смеса.
  • Во друг сад, измиксирајте ја слатката павлаката со двете лажици шеќер. Потребно е да се добие густа и цврста смеса.
  • Додајте ја слатката павлака со чоколадната смеса и промешајте внимателно.
  • Распределете го чоколадниот мус во чаши, покријте ги и ставете ги фрижидер 2 часа. Уживајте!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.