Брижит Макрон ја гази 8. деценија, а има тело како на 30-годишна жена: Секој ден задолжително го јаде ОВА!

Како ѝ успева да изгледа вака?

Многумина се прашуваат како Брижит Макрон ја одржува линијата, а трикот е во здравата исхрана

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, има 71 година и тело поради кое многу жени ѝ завидуваат. Брижит е позната по нејзиниот истанчен моден вкус и витата става која ја одржува на посебен начин.

Имено, нејзината исхрана главно се базира на овошје и зеленчук, а исто така се труди да има што повеќе физички активности.

Иако не сакал да навлегува во деталите на нејзината исхрана, според готвач во кујната на Елисејската палата, госпоѓата Макрон секој ден јаде десетина порции сезонско овошје и зеленчук, додека нејзиниот сопруг Емануел понекогаш претпочита поконкретни оброци, како калоричен полнет стек, вкусното јадење „кордон блу“.

 

Додека за вработените во Елисејската палата има однапред креирано мени, Макронови можат да нарачаат што сакаат, од сендвич до суши.

Сепак, шефот на кујната на францускиот претседател истакнува дека не постои 24-часовна собна послуга.

„Не сме жртви на претседателските каприци“, открил 39-годишниот шеф Гомез во интервју за британскиот „Телеграф“.

 

Познатиот готвач, кој ги осмислувал оброците за четирите претходни претседатели, објаснил дека менито секогаш се приспособува на личниот вкус на претседателот, но повеќето јадења, секако, се базираат на француската гастрономија.

Открил и еден интересен детаљ – сирењето и виното повторно се вратени на менито на Елисејската палата, откако претседателот Никола Саркози ги „забранил“ за време на своето петгодишно владеење.

„Ако тоа е возможно, секако, секогаш служиме само француски производи на претседателската трпеза. Сите наши риби, месо, овошје и зеленчук или доаѓаат од Франција или од прекуморските територии. Приоритет ни е локалната храна произведена на помалку од 100 километри од Париз, што најмногу се однесува на овошјето и зеленчукот и на некои млечни производи“, открил Гомез.

Додал и дека околу половина од состојките што завршуваат на трпезата на Елисејската палата се органски, а некои од билките, како што се рузмарин и лавор, се одгледуваат во големите градини на претседателската палата.

Вака облечена, секоја жена изгледа барем 5 кг послаба: Брижит Макрон повторно одржала модна лекција со својот стајлинг!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе