Во училиште била жртва на врсничко насилство поради висината: Сега си го сака телото, но не може да најде љубов!

Не може да најде доволно висок маж

Таа е исклучително висока жена и затоа смета дека пронаоѓањето вистински маж е речиси невозможно за неа

Мари Темара, која е исклучително висока жена со многу животни предизвици, стана вирална, бидејќи го споделува својот секојдневен живот како „најниската личност во семејство на џинови“.

Таа доаѓа од исклучително високо семејство, поради што стана вирална на ТикТок. Откако успешно го убедила своето семејство да ѝ се придружи во креирањето ТикТок-содржина, Мари Темара забележала дека гледачите постојано се интересираат за нивниот секојдневен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marie Temara (@marietemara)

Сега, профилот на ТикТок на Темара има повеќе од 2 милиони следбеници.

„Сфатив дека нашиот нормален секојдневен семеен живот навистина им е интересен на повеќето луѓе, па почнавме да креираме повеќе семејни ТикТок-видеа и сите почнаа да стануваат вирални“, рекла таа.

Иако таа е најнискиот член на своето многу високо семејство, нејзината висина, сепак, е невообичаена, што довело до тоа Темара да гледа на животот од поинаква перспектива. За жал, не била отсекогаш самоуверена во врска со своето тело, а кога била помлада, ја задевале поради нејзината висина.

„Децата ме задеваа и ме нарекуваат маж или куќа, бидејќи бев повисока и потешка од повеќето учители“, открила таа.

Но сега, на 28 години, Мари Темара гордо им покажува на своите ТикТок-следбеници како изгледа животот од перспективата на многу висока жена. Од тоа дека едвај ја собира во туш-кабината до лесното достигнување на таванот и вентилаторот, Темара им дава доза на хумор на своите популарни видеа.

Темара, исто така, има проблем да си најде партнер, бидејќи повеќето мажи што ги запознава се пониски од неа, па така ги открила своите проблеми околу наоѓањето некој што би бил со неа, со оглед на нејзината висина.

Врските се само уште еден аспект од нејзиниот живот со којшто Темара морала да се справува како исклучително висока жена.

„Признавам дека исклучително тешко е да се најде момче кое ќе биде повисоко од мене. Излегувањето на состаноци со мојата висина е речиси невозможно, бидејќи е многу ограничено“, раскажала таа во едно интервју.

И покрај сите предизвици, Мари Темара останала самоуверена и полна со надеж дека ќе пронајде љубов, па неодамна одлучила да ја прошири својата листа на момци со кои би излегла на состанок и решила да им даде шанса и на пониски момци.

Мајката на Темара, исто така, е повисока од татко ѝ, што ѝ дава надеж дека на вистинскиот маж нема да му биде грижа дали е повисока од неа или не.

„Се надевам дека ќе ја променам стигмата дека мажите мора да бидат повисоки во врската, бидејќи висината не би требало да биде важна.“

Многу познати личности исто така се согласуваат дека љубовта не знае за вистински разлики. Ѕвездите како Кејти Холмс, Камерон Дијаз и Шарлиз Терон имаат излегувано со мажи кои биле пониски од нив.

Во врска е со богаташ од кого е 2 глави повисока, сите се смеат кога ќе ги видат заедно: А таа има 48 години и изгледа бомбастично!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.