Во врска е со богаташ од кого е 2 глави повисока, сите се смеат кога ќе ги видат заедно: А таа има 48 години и изгледа бомбастично!
Ужива во луксузот
Шведската манекенка ја открила тајната на совршениот изглед во петтата деценија, а многу дами ѝ завидуваат поради младоликоста
Шведската манекенка, претприемачка и диџејка Викторија Силвстет, каде и да се појави привлекува внимание со својот бомбастичен изглед. Многу помлади девојки ѝ завидуваат поради совршената линија на 48-годишна возраст. Таа моментално ужива на одмор на островот Сент Бартелеми, а на плажата ги привлекла сите погледи во провокативен костим за капење и црно здолниште.
Таа истакнува дека за нејзиниот изглед заслужен е редовниот тренинг, како и здравата исхрана, но Викторија открила дека голем удел има и генетиката. Иако изгледа барем една деценија помладо, не крие дека го има подобрено својот изглед и со помош на пластичен хирург, но повеќето обожаватели го делат мислењето дека сè уште не претерала со корекциите.
Овој пат била уловена сама на плажа, без нејзиниот партнер Дабах, инаку швајцарски милионер и претприемач. Двојката многу често посетува луксузни дестинации, меѓутоа многумина му се потсмеваат на бизнисменот, мислејќи дека Викторија е со него само поради парите.
Кога ќе се појават во јавност, честопати се на удар на разни коментари, најчесто не толку позитивни, бидејќи шведската убавица е две глави повисока од богаташот, а и обожава да носи потпетици. Но се чини дека на Дабах тоа воопшто не му пречи.
Сексапилната дама отсекогаш била поврзувана со моќни мажи, а се има омажено само еднаш во 2000 година за водителот Крис Врега. Бракот им траел 9 години. Се шушкало дека имала романса и со поранешниот сопруг на Памела Андерсон, како и со рокерот Томи Ли.
Викторија Силвстет е родена во село во Шелефтехам, во северниот дел на Шведска. Има постара сестра и помлад брат. Во младоста му била посветена на јавањето и сакала да стане ветеринар. Нејзиниот татко бил капитен на локалниот скијачки тим, па таа почнала да скија на само пет години. Поради повредата на рамото со која се здобила за време на еден натпревар, нејзината кариера завршила кога имала 16 години. Викторија Силвстет течно зборува шведски, француски, англиски и италијански јазик.
Неколку години подоцна добила покана да се натпреварува на изборот за Мис на Шведска, откако мајка ѝ и сестра ѝ им испратиле неколку нејзини фотографии на организаторите. Кога победила на изборот за Мис на Шведска во 1993 година, стекнала право да ја претставува својата земја на изборот за Мис на светот во 1994. Остварила многу добар резултат, пласирајќи се меѓу првите 10. По изборите за убавина, почнала да се занимава со манекенство во Париз, а се испробала и во глума.
Коментарите се заклучени.