Хотел на разврат и блуд: Строго чувани тајни за лудориите на славните за време на фестивалот во Кан!

Кански фестивал 2022

Тоа што се случува во Кан, останува во Кан

Свеченото отворање на 75. Кански филмски фестивал се случи вчера, на 17 мај, што значи само едно – ѕвездите од холивудската и светската кинематографија побрзаа на францускиот Азурен брег и свое привремено засолниште најдоа во луксузните хотели.

Еден од таквите светски познати луксузни хотели, со долгогодишна традиција на угостување ѕвезди, е и Hotel du Cap-Eden-Roc.

Од Кан е оддалечен само 15 минути пат со автомобил и овој хотелски бисер е една од омилените дестинации на познатите и славните, кои по долгите ноќи и пиењето литар шампањ одат да одморат токму таму.

Сместен во медитеранскиот рај на зелени и миризливи градини, Hotel du Cap-Eden-Roc нуди сé што една ѕвезда може да посака за време на својот престој. Како што обично се случува со ѕвездите, тие имаат секакви барања.

Ова луксузно здание е познато и како „старата дама на Азурниот брег“, има 155 соби и апартмани, како и две приватни вили што им гарантираат максимална приватност на своите гости. Хотелот се карактеризира со грандиозна бела зграда што ја опкружуваат медитерански градини полни со чемпреси и цитруси, а од секоја соба овозможува спектакуларен поглед на околината – синото море и францускиот брег.

Освен со луксузно уредување, хотелот се карактеризира и со одлична дискреција на послугата. Кога ѕидовите би можеле да зборуваат, сигурно би раскажале многу луди анегдоти за ова место, во кои главни актери се токму хероите и хероините од филмското платно.

На сончањето на балконот не му одолеал Арнолд Шварценегер, како ни полската моделка Ања Рубик. Извајаните тела на плажите во оваа медитеранска идила ги покажале Алесандра Амброзио и Викторија Силвстед.

Токму тука Елизабет Тејлор и Ричард Бартон биле на меден месец, на Марвин Дејвис му биле украдени дури 10 милиони долари, а Кејт Мос еднаш толку многу ја демолирала собата што ѝ забраниле престој во хотелот.

Овде секоја ѕвезда има посебна услуга, па така Том Круз добива специјално приготвена органска салата, а Бред Пит и Анџелина Џоли еднаш закупиле цел кат, само за да можат да уживаат сосема сами.

Кан е магнет за моќни, убави и богати, па така нуди совршена комбинација на експонираност и интима, и не престанува ја интригира јавноста со она што се случува зад ѕидовите на неговите најславни хотели.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.