Најзгодната жена на светот хипнотизира со фигурата: За извајано тело и совршени облини почитува правила што сите можат да ги применат

Дознајте повеќе

Изабел Гулар важи за жена со најсовршено тело на светот, а еве во што е тајната на нејзиниот добар изглед

Изабел Гулар е бразилска манекенка за која велат дека има најсовршено тело на светот. Убавата Изабел ги поминува празниците со својот свршеник Кевин Трап, голман на германската репрезентација, а двојката се одлучила за егзотична дестинација и ужива на плажите во Сент Бартс.

Секако дека не успеале да побегнат од будното око на папараците, а телото на Изабел повторно било во прв план. Изабел има 38 години, но секојдневно вежба и ригорозно внимава на исхраната, поради што нејзиното тело изгледа како извајано. Дури и без ронка Фотошоп и на јако сонце, нејзината фигура едноставно нема мана.

Тајната на нејзиниот изглед се напорните вежби и строго контролираната исхрана. Како и секоја манекенка, Изабел добро ги познава сите правила на здравата исхрана.

Како вежба?

Изабел напорно тренира и тренира речиси секој ден. Од спортови одбира: пилатес, трчање, кикбокс и тежински тренинг.

„Јас тренирам како да сум професионалец во тој спорт. Ако имате фокус, мотивација и посветеност, можете да ги постигнете вашите цели“, рекла Изабел во една пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)


Вежбите што Изабел ги практикува не е тешко да се применат во секојдневниот живот. Прескокнување јаже е една од нејзините омилени активности, а оваа вежба е идеална за согорување калории и истовремено активира неколку групи мускули. Исто така, големо внимание посветува на зајакнување на стомачните мускули и глутеусот, па клекнувањето со тежини е една од вежбите што никогаш не ги прескокнува.

Како се храни?

Изабел вели дека ужива во готвењето и се труди да си приготви здрави оброци секој ден. Секогаш кога е дома претпочита готвена и здрава храна. Утрото го започнува со сокови од овошје, зеленчук и протеин. Не јаде леб и брашно и има едноставен пристап кон исхраната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

„Се трудам намирниците што ги внесувам во телото да бидат протеини, јаглехидрати и зеленчук, што значи чисти намирници без премногу термичка обработка и додатоци. Кога јадам во ресторан, се трудам да одбирам што поздрава храна.“

Заводлива како Изабел Гулар: Ова се вежбите на најзгодната Бразилка на светот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.