„Имав 16, а славниот музичар имаше 40 години кога ми ја одзеде невиноста“: Легендарниот пејач обожавал малолетнички
Имале и интимни односи во тројка
Искуството на актерката Петси Кенсит со Дејвид Боуви било многу возбудливо
Англиската актерка Петси Кенсит неодамна го раскажала највозбудливото интимно искуство во нејзиниот живот. Тоа се случило со Дејвид Боуви. Сѐ се случувало за време на снимањето на филмот „Апсолутни почетници“ во 1986 година.
„Дејвид Боуви беше едноставно прекрасен. Јас имав 16 години, а мислам дека тој имаше 30. Беше многу љубезен кон сите и јас бев комплетно воодушевена од него. Сонував дека ќе се вљуби во мене и дека ќе побегнеме некаде заедно“, рекла актерката.
View this post on Instagram
Познатиот Дејвид Боуви за време на снимањето на филмот, всушност, имал 39 години.
„И, секако, кога се сретнавме, јас бев само една во низата луѓе со кои се ракуваше и тоа ме скрши. Но потоа еден ден седев нашминкана, а тој се појави со главата низ врата и ме поздрави. Ми пријде, зеде четка и само почна да ми ја чешла косата. Не кажа ништо, само ми ја зачешла косата и потоа си отиде. Тоа беше најеротичното искуство во мојот живот“, раскажала таа за „Сандеј Тајмс“.
Актерот Дејвид Бидејли во поткаст од 2019 година раскажал дека една пријателка му открила дека доживеала романса со Боуви додека тој бил на летување со Мик Џегер. Таа имала 16 години, а тој 40. Една вечер, со него и со најдобрата пријателка завршиле во неговиот апартман откако се опијаниле претходно.
„Дејвид очигледно сакал секс во тројка и вложил малку труд за да го добие тоа. Како што ми кажа таа, само ја соблекол сета облека од себе, ја пуштил Let’s Dance на касета и танцувал гол.
Потоа и тие се соблекле. Имале сексуални односи, но таа не спиела со него. Ја прашав: ’Зошто забога не си сакала да ја изгубиш невиноста со Дејвид Боуви?’, а таа ми одговори: ’Нему тоа не би му значело ништо. Не сакав да го направам тоа со него’“.
Коментарите се заклучени.