Карлеуша јавно и се обрати на Весна Змијанац, имаше посебна причина за тоа: Јелена ќе ги памети овие зборови на пејачката!

И Весна смета дека Карлеуша е многу храбра жена...

Јелена Карлеуша и одговори на својата постара колешка Весна Змијанац на прекрасните зборови кои пејачката и ги упати.

Да потсетиме, Весна за Карлеуша истакна: „Многу ја сакам. Таа е многу храбра, таа всушност е единствена“, на што Јелена одговори:

„Ти благодарам, Весна… Твоите зборови ми значат многу. Горда сум што тоа го кажуваш, големата Весна Змијанац, ѕвезда, легенда, пејачка. Што да кажам на ова, да, јас поради сите мажи во мојот живот, за жал научив да бидам она што тие никогаш не биле. Ме одгледа силна жена која повеќе пати во животот ми кажала глава горе. Впрочем, и мајка ми ме викаше син“ – напиша Карлеуша и додаде:

„Никогаш не се гледав себеси како храбра. Тоа сум само јас. Мажите да се огледуваат на мене? Тешко. Имам лошо мислење за мажите и сметам дека траба да ги користиме само за оплодување и движење на тешки предмети. Започнува ерата на силни жени на кои не им се потребни мажи за опстанок, самодоверба и среќа. Апсолутно сите паднаа на тестот на храброста, барем во мојот случај“ – изјави поп дивата.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.