Карлеуша прошета по пистата на модната недела во Париз, нејзиниот изглед остава без здив!

Карлеуша, ѕвезда ипол!

Регионалната ѕвезда Јелена Карлеуша чекореше по пистата со многу светски ѕвезди на познатата ревија на Париската модна недела.

Брендот Vetements, креиран од Гурам Гвасалија, еден од браќата кои стојат зад брендот Баленсијага, се врати на модната сцена со спектакуларна модна ревија каде покрај Јелена Карлеуша на пистата се појавиле манекенката Георгина Родригез сопругата на познатиот фудбалер Роналдо, актерка Марсија Крос, светски познатите топ модели  Натали Водијанова, Вини Харлоу, Валентина Ферер и многу други.

Модниот израз на ЈК одамна е познат и надвор од границите на Балканот, што го потврдува и оваа соработка. Креаторот минатата есен ја угостил Јелена во Vetements HQ, каде што со месеци работеле на подготовките и монтажата за оваа модна ревија.

По ревијата на Vetements, Јелена ќе биде ѕвезда на ревијата на уште еден од моментално „најжешките“ нови модни брендови.

Најголема поддршка на Јелена во Париз се ќерките Атина и Ника Тошиќ, како и нејзиниот најдобар пријател Зоран Бирташевиќ и целата екипа.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.