Уапсена сестрата на Хејли Бибер: Причината е бизарна!
Страшна работа...
Постарата сестра на познатата манекенка Хејли Бибер, Алаја Болдвин неодамна била приведена поради бизарен инцидент.
Ќерката на актерот Стивен Болдвин завршила во полициска станица во Џорџија, бидејќи фрлила искористен тампон кон работник од локалот каде што била.
На снимката од безбедносната камера се гледа како Алаја влегува во тоалетот на вработените и прашува работничка дали може да го користи тоалетот за да го смени тампонот.
Таа и дозволила, а откако Алаја извесно време не излегла од тоалетот, работничката се обидела да влезе.
„Неколку минути подоцна кога вработената повторно влегла во тоалетот, го извадила тампонот и го фрлила кон вработената. Тогаш стапило обезбедувањето и ја одвеле надвор“ – се вели во извештајот.
Коментарите се заклучени.