Менаџерот на Теа Таировиќ откри зошто е таа уапсена: Ова е вистината! (ФОТО)
Пејачката со лисици на раце!
Откако српскиот портал Телеграф објави ексклузивни фотографии од приведувањето на пејачката Теа Таировиќ во Шведска, се огласи и нејзиниот менаџер Никола Бриџис.
На фотографиите се гледа пејачката во фустанот во кој вчеравечер настапувала, како и истата фризура, а на рацете има лисици.
Нејзиниот менаџер Бриџис за Телеграф.рс објаснил зошто била приведена Теа по настапот.
View this post on Instagram
„Полицијата вчера беше во редовна контрола. Бараа договори, не само од неа, туку и од Стоја и Девито. Таа го покажа својот договор и полицијата се заблагодари, немаа причина за задржување. Вечерва настапува на една приватна забава во Софија, Бугарија.“ – рекол менаџерот.
Коментарите се заклучени.