Карлеуша откри дека ја поддржала Теа Таировиќ кога никој не верувал во неа: „Да не бев јас, ќе испаднеше уште во првиот круг“

Карлеуша знае да процени талент...

Јелена Карлеуша многупати била во судир со останатите поради нејзините ставови како дел од жири комисијата на Ѕвездите на Гранд, често истакнуваше дека на многу млади пејачи им недостига харизма.

Пејачката секогаш знае да ја препознае ѕвездата кај младите изведувачи, а една од нив беше и Теа Таировиќ.
Како што открила, таа била единствената која за време на натпреварот и дала шанса на својата помлада колешка, за разлика од останатите членови на жирито.

„Еве, на пример, Теа Таировиќ. Јас сум единствената, да не бев јас ќе испаднеше уште во првиот круг. Толку ја мразеа“ – почна Јелена и додаде:

„Но јас го почувствував тоа нешто, без разлика што не беше добра во таа пејачка смисла, но имаше нешто и ја поддржував од круг во круг и ја фалев“ – изјави таа

Теа денес е една од најпопуларните млади пејачки во регионот, а покрај големиот број настапи, годинава одржа и спектакуларен концерт во Скопје.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.