Брена проговори за свадбите на синовите: „Рано е за Виктор да се жени“

Лепа Брена е навистина многу мудра жена...

Познатата  Лепа Брена е многу скромна дама, па такви и се и нејзините новогодишни желби.

„Во 2024-та година сакам душевен мир. Немам посебни желби, особено не материјални. Она што најмногу го сакам е душевен мир. Сфатив дека среќата не е да се биде на насловна страница и да имаш милиони лајкови и купени следбеници. Среќата е нешто што го чувствувам бидејќи ме лекува одвнатре и ми дава сила и енергија да ги издржам добрите и лошите страни на мојот живот“ – ја започна приказната Брена и додаде дека ги учи младите дека успехот се постигнува само со напорна работа:

„Важно е сите наши деца да разберат дека за успех, освен талент, потребна е 90 проценти напорна психофизичка работа. Би сакала да им дадам пример на младите девојки, дека кариерата може да се создаде достоинствено, но со голем труд, труд, креативност, финансии и одличен тим околу вас. Сè што е добро споделувам со секого, а она што е тешко и малку лошо, секогаш го споделувам со моето семејство.“

Брена вели дека цел живот се обидува да го намали обемот на работа, но не и успева.

„Отсекогаш сум работела ненормално многу и постојано се прашувам зошто е тоа така. Размислувам како да ја намалам работата, но изгледа не можам да успеам. Би сакала да ја дочекам Новата година некаде во потоплите краишта. Мајами, Малдиви, Сејшели или Бора Бора. Некаде каде што е многу топло и можам да уживам во добра книга, мир, тишина и фантастичен поглед. Јас и Боба го практикуваме во јануари, искрено се надевам дека ќе го постигнеме и во 2024 година – истакна таа.

Пејачката вели и дека најмногу сакала да ги слави новогодишните празници кога нејзините деца биле мали. Стефан и Виктор сега се возрасни момци, но смета да на Виктор му е рано да се жени.

„Стефан е зрел и треба сам да носи одлуки за приватниот живот. Виктор нека ужива уште малку, мислам дека е рано да се ожени и да формира семејство, но никој не го спречува да ужива со девојка му. Она што најмногу го сакам на светот е кога ги гледам нашите деца среќни и исполнети“ – ја заврши приказната пејачката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.