Бајковита свадба: Антониа Гиговска и Роберт направија голема веселба за паметење!

Свадба еее големаа!

Нашата млада поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски пред околу една година стапија во брак, а вчера вечер направија голема бајковита свадба на која присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели.

На социјалните мрежи можеме да видиме многу видеа и фотографии од свадбената церемонија и убавата веселба на која младиот брачен пар ја потврди љубовта пред големиот број на поканети гости. Навистина било многу весело уште од рано наутро!

Младата пејачка изгледала волшебно, облечена во прекрасна, сиренска, долга венчаница, додека пак Роберт носел црн, класичен костум.

 

 

На свадбата присуствувале доста познати личности и нивни соработници меѓу кои: Даниел Николовски, Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Роберт Билбилов, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и други.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.