Бившиот ја тепал и ѝ велел дека е бескорисен паразит: Најубавата актерка се откажала од глумата, а еве како живее сега!

Тешката животна приказна актерката Селма Блер

Познатата актерка во интервју за „Вог“ открила дека се повлекува од работата

Некогаш пленеше со својата појава и несекојдневна убавина, а сега најчесто се појавува во медиумите за да зборува за својата битка со неизлечивата болест.

„Длабока сум врзана, и физички и емотивно, за тој бастун. Ми се смируваат телото и гласот штом го земам в рака. Исто така, визуелно е моќен“, рекла холивудската актерка Селма Блер за британскиот магазин „Вог“, која пред неколку години беше дијагностицирана со мултиплекс склероза.

Тоа е дијагнозата поради која не може самостојно да оди, ѝ испаѓаат предметите од раце и има лошо помнење.

Иако веќе не глуми, сè почесто зборува за својата болест во јавност и се залага за рушење на стигмата поради загубата на косата, млитавоста и тиковите што се појавуваат.

Селма ја паметиме по улогите во филмовите „Зли намери“, „Русокосата од Харвард“ и ТВ-серијата „Хелбој“, а неодамна го прославила 51. роденден. Пред две години го сними филмот Introducing, Selma Blair, во којшто се глуми самата себе и зборува за болеста и за начините на кои се обидува да го забави напредокот на МС. Таа улога ѝ ја донесе наградата Critics’ Choice Documentary Awards.

„На почетокот од моето патување со мултиплекс, кога првпат сфатив дека ми треба бастун, тој стана мој додаток, но со ниту еден од бастуните не сум се чувствувала како да е дел од мене, сè досега“, восхитено зборувала Селма, симнувајќи се по скалите со помош на црвен бастун.

Кога ја дознала дијагнозата, почувствувала големо олеснување. Сега настојува добро да го искористи секој ден и секогаш е подготвена за нови авантури, па така кон крајот на минатата година се испробала и во американската верзија на ТВ-шоуто „Танц со ѕвездите“. Сепак, напорните тренинзи биле премногу за неа, па морала да го напушти натпреварот откако ги добила резултатите од докторите, што за неа било многу емотивно.

„Знаете дека бев под надзор и дека бев во контакт со моите лекари за време на целиот процес. Бев на магнентна резонанца и резултатите покажаа дека не можам веќе. Не можам да продолжам со натпреварот. Туркав колку што можев“, Селма му го кажала ова на танчарскиот партнер Саша Фарбер.

Актерката, која во 2000-тите години маѓепсуваше многумина со својата убавина, била жртва и на физичко злоупотребување, и тоа токму во периодот кога ситуацијата со МС ѝ била многу лоша, бидејќи не можела да се движи.

Долгогодишниот партнер Роналд Карлсон ја тепал и за време на кавгите ја гушел и ја навредувал дека е „бевреден и бескорисен паразит“. Побарала забрана за приближување, а откако раскинале, изјавила дека чувствува помал стрес.

Бившиот ја давел, тепал и брутално ја навредувал тешко болната актерка: „Ти си бескорисен инвалид, можам многу подобро од тебе!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.