Бившиот ја давел, тепал и брутално ја навредувал тешко болната актерка: „Ти си бескорисен инвалид, можам многу подобро од тебе!“

Морничаво

Тешко болната актерка Селма Блер го обвинила поранешниот партнер за насилство

Како што пренесува магазинот Variety, Селма Блер, која боледува од мултиплекс склероза, доживеала насилство од дечко ѝ Роналд Карлсон, поради што полицијата и судот морале веднаш да реагираат.

До инцидентот дошло минатиот месец во станот на Селма Блер во Лос Анџелес, кратко по раскинувањето на нивната долгогодишна врска. Карлсон ја посетил за да ѝ го врати телевизорот, а потоа работите одеднаш се смениле, се фрлил на неа и почнал да ја дави.

Роналд ја давел, тепал и агресивно ѝ ги тресел главата и рамениците на актерката, додека таа лежела на кревет. Во извештаите се наведува и дека актерката за време на нападот ги земала лековите што ги пие поради својата болест и дека му кажала на Карлсон дека не се чувствува добро. Меѓутоа, тој не ги послушал нејзините зборови и продолжил да вика по неа.

„Се зезна, не можеш ништо. Не можеш никого да сакаш, ти си бескорисен инвалид. Јас не го заслужувам ова, можам многу подобро од тебе“, викал нејзиниот партнер.

Во јавност излегле и фотографии на кои јасно се гледаат повредите што Роналд ѝ ги нанел на Селма.

Како што Блер опишала пред полицијата, по овие зборови му ги забила прстите во очите и устата, а Карлсон ѝ ги покрил лицето и устата со рацете. Со оглед на тоа што во тој момент не можела да дише, Блер изгубила свест.

Кога полицајците стигнале за да разговараат со актерката, таа тврди дека почнало да ѝ тече крв од носот и дека во тој момент повторно изгубила свест.

Селма Блер со семејството непосредно пред инцидентот

Брза помош ја одвела во болница, а Карлсон бил уапсен поради кривично насилство со телесни повреди. Ќе добие и петдневна забрана за приближување до поранешната девојка, но Карлсон самиот поднел петиција да му се забрани приоѓање до Блер, 15 дена по инцидентот.

Селма Блер откри алармантен симптом што доведе до дијагностицирање на мултиплекс склероза
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.