Велеа дека е природно убав маж: Изгледа дека на водителот тоа не му било доволно, па го уништил лицето со ботокс!

Кој е водителот што си го уништи лицето со ботокс?

Сајмон Кауел се покајал поради прекумерната употреба на ботокс, но сега нема назад

Тоа дека Холивуд поставува нереални стандарди за убавина, јасно им е и на врапчињата. Меѓутоа, на листите на оние кои претеруваат со филери и разубавување неретко завршуваат и некои славни мажи, а не само жени.

Покрај имињата како Том Круз, Зек Ефрон, Мики Рурк и други, еден од оние што немале мерка е и познатиот водител и креатор на шоуто за таленти America’s Got Talent, Сајмон Кауел.

Неговото лице често беше на удар на критики поради прекумерната употреба на филери, што резултира со речиси деформиран изглед и кожа што изгледаше како да ќе пукне во секој момент. Во еден момент го нарекуваа „балон од кожа“ на социјалните мрежи. Но сега очигледно е дека сфатил дека претерал и дека доста му е од тоа.

Имено, тој неодамна го прокоментирал своето претерување со филери и одлучил да престане со тоа. Така решил бидејќи, како што кажал, неговиот изглед го довел до хистерија неговиот осумгодишен син.

Сајмон го менувал изгледот години наназад, а во 2016 година се забележала драстична разлика, кога, како што рекол, „постоела фаза во која сечие лице било полно со ова или она“.

Навел дека во тој период отишол малку предалеку поради својата желба за младешки изглед.

„Еден ден видов своја фотографија од порано и не препознав дека тоа сум јас“, признал Сајмон.

Сајмон истакнал дека престанал поради својот син, кој забележал дека татко му го менува својот изглед, а открил и дека сега веќе нема филери на лицето.

„Беше хистеричен. Доста беше“, раскажал Кауел, кој не е единствениот што го изменил својот личен опис со ботокс и филери.

Музичкиот могул конечно престанал да користи ботокс откако со изгледот го исплашил и родениот син: Сега изгледа потполно поинаку
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.