Музичкиот могул конечно престанал да користи ботокс откако со изгледот го исплашил и родениот син: Сега изгледа потполно поинаку

Непрепознатлив

Сајмон Кауел признал дека повеќе нема ниту еден филер, но многумина се сомневаат дека повторно направил некоја естетска корекција

Непрепознатливиот изглед на Сајмон Кауел ги шокирал фановите кога излегол на бината на Кралскиот вариетет. Додека многумина се сомневаат дека повторно правел нешто на лицето, музичкиот могул тврди повеќе нема ниту еден филер на лицето, како и дека престанал да прави естетски корекции поради осумгодишниот син.

На оваа престижна церемонија го најавил победникот на познатото шоу за таленти, но сето внимание го украло неговиот изглед.

„Фантастична вечер е секогаш кога победникот на Britain’s Got Talent настапува на Кралскиот вариетет. Секако, многу сум возбуден што победникот кој го доби мојот ‘златен базер’ подоцна настапува во емисијата. Алекс Блејк е тотална ѕвезда и воодушевен сум од него“, напишал Сајмон на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simon Cowell (@simoncowell)


Телевизискиот могул порано овој месец ги загрижил своите фанови кога било објавено промотивното видео од познатиот натпревар, бидејќи не можеле да веруваат дека навистина изгледа така – имал неверојатно мазен тен и светли бели заби, лицето му изгледало комплетно поинаку.

Освен тоа, Сајмон драстично ослабел последниве две години и го променил начинот на живот, придржувајќи се до редовен распоред на спиење и вежбање, по повредата на грбот во 2020 година, поради која морал и на операција.

Сега пешачи околу 65 км неделно, го преуредил својот работен распоред за да се осигура дека деловните состаноци ќе му почнуваат дури по 9 часот наутро, наместо да одржува конференции во раните утрински часови како некогаш.

„Сајмон рече дека 20 години нема толку носено патики колку сега. Се чувствува најдобро досега и се придржува до вообичаените рутини, наместо да телефонира во раните утрински часови“, истакнал извор близок на Кауел, кој неодамна открил дека љубовта кон ботоксот го однела предалеку.

А последниот третман потполно ја променил неговата физиономија на лицето. Шефот на талент-шоуто рекол дека одлучил да престане со подмладувањето, кога неговиот чуден изглед го исплашил дури и син му Ерик (8).

Сајмон потоа открил дека во тој период можеби отишол малку предалеку со својата желба за младешки изглед. Конечно донел одлука да престане со вбризгување ботокс.

„Сега воопшто немам филери на моето лице. Нула“, рекол Сајмон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.