Посна крем-салата: Идеално јадење што може да го замени главниот оброк, а се приготвува за помалку од 5 минути

Кремлива и вкусна

Ви предлагаме одличен рецепт за посна крем-салата од риба и зеленчук. Многу е вкусна а се приготвува едноставно

Кремливата салата од риба се приготвува многу едноставно, а содржи и многу зеленчук, што значи е дека полна со витамини. Може да се служи како предјадење, но и да го замени главниот оброк.

Состојки:
  • 2 конзерви сардини во масло од 125 г
  • 150 г варени моркови
  • 150 г варен грашок
  • 150 г варена пченка
  • 40 г праз
  •  сол и бибер
  • 200 г посен мајонез
Приготвување:

Покрупно изрендајте го морковот, ситно исечкајте го празот, а сардините исцедете ги од маслото. Сите состојки добро измешајте ги во поголем сад и зачинете ги по вкус (со сол, бибер). Потоа, додајте мајонез и добро измешајте. По приготвувањето, ставете ја во фрижидер да се олади.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.