Селма Блер откри алармантен симптом што доведе до дијагностицирање на мултиплекс склероза

Актерката е пример за многумина кога станува збор за зтранспарентната борба против оваа автоимуна болест.

Откако ја откри дијагнозата за мултиплекс склероза на светот во 2018 година, Селма Блер не се двоумеше да сподели со своите обожаватели како е да се живее со ова сериозно автоимуно нарушување.

Таа неодамна зборуваше за еден ран симптом на мултиплекс склероза што ја натера да сфати дека нешто не е во ред со нејзиното тело. Имено, во февруари 2018 година, околу шест месеци пред дијагнозата, таа требаше да прошета во ревијата на модната недела во Њујорк за дизајнерот Кристијан Сиријан, открива Блер во новото интервју за магазинот „Таун и кантри“. На пистата забележала губење на чувството на едната нога. Иако претходно имала слични симптоми, не сметала дека се значајни. Но, овој пат беше поинаку. „Кога првпат излегов на пистата, не можев да почувствувам земја или да најдам начин да ја кренам левата нога. Мојот мозок се обидуваше да функционира. Одев по пистата, запрепастена“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Blair (@selmablair)

Шест месеци откако одеше по пистата, во август 2018 година, на Блер ѝ беше дијагностицирана мултиплекс склероза, хронична, прогресивна болест која влијае на централниот нервен систем. Иако со години имала симптоми кои им ги припишувала на други причини, Блер открила дека има МС само кога ѝ биле дијагностицирани лезии на мозокот. Вкочанетоста е чест симптом на состојбата. Актерката ја постави својата дијагноза преку Инстаграм. „Јас сум инвалид. Понекогаш паѓам. Меморијата ми е маглива. А левата страна бара упатства од расипан ГПС“, напиша таа покрај фотографијата на една од објавите на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selma Blair (@selmablair)

Блер исто така сподели дека денес, и покрај нејзината борба, таа е „многу пријатна“ во сопственото тело, што му го припишува на „попозитивниот пристап“. Бастун што многумина би го поврзале со слабост, таа денес го носи гордо и не го испушта дури и за време на модни фотографии. „Фасцинирана сум од ова тело и овој живот“, рече таа. „Скромна сум и среќна сум што можам да бидам инспирација за другите.“

Прочитајте и: Недоволно спиење го зголемува ризикот од развој на деменција во староста

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.