(ФОТО) Ќерката на Бранко Црвенковски ЗАБЛЕСКА на својата свадба: Во елегантна венчаница го кажа судбоносното „ДА“

Викендов се омажи ќерката на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски. Марија го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот партнер, а сега сопруг, Дамјан.

Младите прославиле во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, додека како што пишува Курир на прославата и претходела забава со традиционални обичаи, почнувајќи со земање на невестата од дома.

Убавата Марија носеше нежна, елегантна венчаница без дополнителни украсувања, а на косата – дискретна шнола која го заокружи природниот изглед и дискретната шминка.

Младенците првиот танц го одиграа на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

Бранко Црвенковски со поранешната дама на Македонија, Јасна, го има и синот Љупчо кој неодамна го направи Бранко горд дедо.

Фото: Инстаграм – принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.