Се ожени Милош Биковиќ: Актерот стапна на „лудиот камен“ со Ивана Малиќ откако добија дете (фото)

Ако пријател не те издаде нема кој...

Да им се чудиш!

Актерот Милош Биковиќ, кој пред неколку дена стана татко, тајно се ожени со својата избраничка Ивана Малиќ.

Неговиот колега Иван Оклобистин откри дека Милош застанал на „лудиот камен“, додека зборуваше за нивната пријателска поврзаност.

„Тој е многу добар човек, верен пријател и вистински патриот на својата татковина. И ова е многу важно, реткост во денешно време. Тој има многу сериозен однос кон жените. Сега е оженет, фала богу“, изјави Оклобистин, потврдувајќи дека актерот згазнал на „лудиот камен“.

Биковиќ доби пофални зборови и за тоа дека е одличен познавач на руската култура.

„Покрај тоа, тој ја разбира суштината на руската култура. Нашиот говор не е секогаш лесен за странец, рускиот јазик е доста сложен. Веројатно не познавам некој како него, странец со такво разбирање на рускиот јазик“, рече Иван.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.