Дали сувото овошје е здраво и корисно за дневен внес? Нутриционистот Јована предупредува за бројот на калории

Во просек, 100 грама суво овошје – сува банана, смоква, кајсија, грозје, брусница има околу 300 до 400 калории, а некои дури и 500.

Сувото овошје може да го зголеми внесот на влакна и хранливи материи и да му обезбеди на вашето тело големи количини на антиоксиданси. Но, тоа е исто така храна богата со јаглени хидрати, богата со шеќер и калории и може да предизвика проблеми ако јадете премногу.

За време на процесот на сушење, од овошјето се вади вода, што е исто така многу корисно бидејќи автоматски хранливите материи од овошјето се полесни за употреба. Овошјето затоа има повеќе антиоксиданси кои се важни за организмот, значително е побогато со растителни влакна, има фолна киселина, многу повеќе витамини, особено Б витамини, а таму се изразуваат и калциумот и магнезиумот – полесно влегуваат во организмот.

Меѓутоа, кога ќе се извади водата, бројот на калории се зголемува. Луѓето кои имаат дијабетес и кои имаат отпорност на инсулин навистина треба да бидат внимателни. На пример, една чаша грозје има околу 104 калории и 20 грама шеќер. Суво грозје, една шолја, кога ќе се извади водата, има околу 500 калории и 160 грама шеќер, што е речиси пет пати повеќе од количината на шеќер – објаснува Јована.

Во просек, 100 грама суво овошје – сува банана, смоква, кајсија, грозје, брусница – има околу 300 до 400 калории, а некои дури и 500.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.