Во ниедно време го слушнал гласот на жена му од другата соба: „Кога видов што прави врзана за кревет, се замрзнав од шок!“

Исповед на еден маж

Кога ја затекнал оваа морничава глетка, со денови не можел да си дојде при себе

Месечарењето може да биде непријатно, па дури и опасно, а доказ за тоа е приказната на Британката Шарлот Тидеман.

А за да се заштити за време на месечарењето, таа применува прилично екстремни мерки.

„Секоја вечер пред воопшто да помислам на спиење, поминувам низ постапка на врзување“, вели Шарлот.

Експертите велат дека парасомнијата, која вклучува месечарење, испраќање пораки и стенкање во сон, станала позачестена по пандемијата на коронавирус и за време на финансиската криза што моментално се случува.

Шарлот е 30-годишна медицинска сестра која работи на интензивна нега. Неодамна одлучила да преземе драстични мерки за да се заштити за време на ноќните авантури.

Имено, пред да заспие, таа се погрижува да биде добро врзана, а обично за тоа го користи ременот од бањарката. Се врзува за рамката на креветот или за свршеникот Алек, бидејќи се плаши дека ќе заврши којзнае каде.

Таа прибегнала кон драстичните мерки по цела деценија месечарење, кое во последниве месеци станало уште почесто поради стресот предизвикан од кризата и високите животни трошоци.

Шарлот и Алек имаат две деца, 4-годишната Бела и 18-месечниот Бејли.

„Месечарам, зборувам и имам кошмари откога имав две години. Успеав да престанам да се врзувам за кревет шест месеци откако го родив секое дете, бидејќи тогаш тие често се будеа, па лесно спиев. Но штом почнаа да спијат по цела ноќ, повторно започна сѐ“, раскажала жената.

На нејзиното сведоштво се надоврзал и нејзиниот свршеник:

„Пред шест месеца се разбудив сред ноќ и слушнав гласови. Ја затекнав Шарлот како зборува со ѕидот во аголот од спалната соба, а беше врзана за кревет. Не ми беше воопшто пријатно, целиот се наежив од таа глетка“, раскажал Алек.

Инаку, проблемот на Шарлот не е редок, и како што наведува докторт Гај Медоуз, околу 20 отсто од луѓето ќе месечарат во некој период од својот живот.

Дали сте чуле за сексомнија? Еве што е тоа и како се решава
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.