„Го оставив сопругот на смртна постела, а потоа свекрвата падна на колена пред мене“: Потресна исповед што ќе ве замисли

Исповед на жена што го оставила болниот сопруг

Исповедта на жената која го оставила сопругот на смртна постела е преполна со заплети и пресврти

Приказната што ги вознемири корисниците на Интернет и која предизвика поделени коментари, ја споделила една Русинка, чиј сопруг се разболел од рак. Таа раскажала и како изгледал нејзиниот брак и од што сè се откажала.

Ви ја пренесуваме нејзината исповед во целост

„Постојано слушам замерки од страна на пријателите и роднините, а и самата се обвинувам кога ќе останам сама со себе. Истовремено, навистина сакам да ме чујат и да добијам совет. Искрено, не можев веќе да живеам вака и не можев да си простам.

Пред десет години се омажив за Коља. Живеевме мирно и среќно, но мојот сопруг не сакаше деца. Бев многу повредена поради тоа. Коља постојано работеше, многу патуваше и често не беше дома, па ми велеше дека ќе ми биде тешко сама со дете. Неговите аргументи ми се чинеа логични, па се согласив.

По неколку години, кога ова прашање повторно стана актуелно, не можев да забременам. Отидовме на лекар и таму дознавме дека мојот сопруг има рак. Во тој момент, како што обично велат луѓето, животот ми се подели на времето пред и по дијагнозата.

Болници, лекови, бескрајно многу време поминато по ординации. Целото тоа време бев покрај него. Му носев храна, го посетував, го поддржував во сè. А потоа, парите станаа проблем. Продавав работи, па дури и својот накит. А подоцна го продадов и родителскиот мираз – сè за да имаме за лекување. Но потоа доживеав шок. Кога беше толку лошо што сите мислевме дека нема да се извлече, бараше да му ги доведам децата. Децата што ги имал со друга жена. Сакав да си заминам и никогаш веќе да не го видам.

Излезе дека тој имал афера со друга жена на службените патувања. Бев скршена, но неволно му ги доведов тие деца. А потоа поднесов барање за развод. Не можев веќе да го гледам прељубникот в очи.

Сега сите ме понижуваат, ме мразат и ме презираат. Само неговата мајка разбира колкаво предавство имам поднесено. Се склопчи покрај моите нозе од нежност и тага, но поради тоа ми беше уште потешко. Одлучив да го напуштам градот. Не можев веќе да ги одржувам односите со роднините.

Инаку, мојот сопруг не почина. Сега му е сè подобро, но веќе не ми е грижа за него“, напишала оваа жена, чија приказна наишла на огромна поддршка на социјалните мрежи, но и на по некоја осуда.

Неколкумина сметале дека не е „христијански“ да се напушти човек кој е на смртна постела. Но многу побројни биле тоа што напишале дека би постапиле многу полошо во таква ситуација и ја споредувале со „светица“.

„Сопругот ме остави сама со трите деца, две од нив ги надживеав“: Исповед што предизвикува солзи во очите
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.