Испливаа детали за бракот на починатата водителка, бившиот сопруг откри болен спомен: „Разберете ме!“

Вест што растажи многумина

Вчера се појави веста дека Бојана Јанковиќ, поранешна водителка на емисијата „Сити“ која се емитуваше на ТВ Пинк, ненадејно почина на 46-годишна возраст.

Бојана Јанковиќ (46) наводно била пронајдена мртва во свјот стан во Белград. Новинарите стапија во контакт со поранешниот сопруг на Бојана, музичарот Огњен Јанковиќ, но тој успеа само да каже:

Сè уште чекам потврда, така што не можам да кажам ништо. Разберете ме“, изјави Огњен за српски Курир.

Бојана и Огњен, член на бендот „Белградски синдикат“, се разведоа пред две години, по 15 години брак.
По разводот останаа во добри односи и заедно се грижеа за двете ќерки Зоја и Искра. Музичарот потоа го напуштил станот во кој живееле, но секој слободен момент го користел да биде со своите наследници.

Огњен еднаш во едно интервју откри дека Бојана ја запознал преку заеднички пријател.

Нè запозна еден од моите најдобри пријатели, Милан, кој сега, за жал, е починат, а тоа ѝ дава малку филмски шарм на нашата приказна. Беше кај него во барот што го поседуваше и рече дека мора да нè запознае, како да знаеше дека ќе спиеме еден со друг. Тоа беше судбоносна средба“, откри Јанковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Jankovic (@_bojaaana__)

Сестрата близначка на Бојана, Ивана Николиќ, исто така водеше програма на телевизија Пинк, а учествуваше и во реално шоу. Бојана и Ивана ја воодушевија публиката ширум регионот со својот изглед, енергија, харизма и елоквентност, а потоа решија да се повлечат од ТВ-екранот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana Jankovic (@_bojaaana__)

Но, Бојана во 2018 година одлучи да ѝ се врати на својата работа како водителка, а ние имавме можност да ја гледаме на една локална телевизија. Ќе остане запаметена како водителка на култното шоу „Сити“, а нејзините пријатели кои сè уште не можат да поверуваат дека починала, ја опишуваат како позитивна и весела личност.

Неофицијално, итната помош ја констатирала смртта на Бојана околу 19 часот. Телото на познатата водителка е пренесено во Институтот за судска медицина во Белград, бидејќи Обвинителството наложило обдукција.

Како што неофицијално дознаваме, Бојана боледувала од депресија.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.