Едита собра храброст да зборува за нејзиниот починат брат: „Не сакав да земам ниту една негова фотографија со мене…“ (ФОТО)

Тажно...

Семир, братот на пејачката Едита Арадиновиќ, починал кога таа имала само 11 години.

Со голема тага после долги години се присетила низ што поминале таа, нејзината сестра Инди и нејзината мајка.

„Живееше со нас буквално шест месеци пред да почине… Не сакав да земам ниту една негова фотографија со мене поради мајка ми, бидејќи не сакав да ја натерам да ја почувствува сета тага. Генерално не сакам да создавам никаков вид на сожалување кај луѓето, но ќе бидам целосно слободна да ви кажам“ – започна таа.

„На мајка ми еднаш во Центарот за социјална работа и рекоа дека најдобро за нас, здравите деца, за мене и сестра ми е тој да биде во дом. Во еден период од животот, кога бил мал, го однела, но немала срце… не можела да го остави таму и го вратила“ – открила Едита.

„Навистина имаше тешка форма на Даунов синдром, беше многу тешко да се справиш со него. Кон крајот на животот моравме да го однесеме, бидејќи тогаш му требаше постојана лекарска помош. Беше некако многу силен. Тој можеше да направи вдлабнатина во фрижидерот со еден удар. Кога нешто ќе го повредеше, не знаеше да се изрази, па ја удираше главата во ѕид, си правеше рана“ – изјавила пејачката.

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.