Актерката Сидни Свини го отплати кредитот на мајка си: „Пресреќна сум што денес можам да им се оддолжам на свој начин“

Еве како познатата актерка докажа колку е благодарна за се...

Младата и успешна актерка, која се истакна во познатата серија „Еуфорија“, Сидни Свини, е многу барана во светот на американската продукција, поради што за брзо време заработува многу пари.

Нејзиниот извор на заработка не се само филмовите и сериите, туку и бројните реклами што ги прави, што во моментов ја доведоа до позиција да стане на една од најголемите холивудски ѕвезди од помладата генерација.

Според странските медиуми, богатството на младата актерка се проценува на десет милиони долари, а дека добро и паметно го користи докажува еден факт.

Сидни го отплати заемот на нејзината мајка и со тоа докажа колку е благодарна за се, а најмногу за постојаната поддршка што ја добива.

„Неодамна го исплатив кредитот на мајка ми, а ако треба ќе му помогнам и на татко ми. Верувајте ми, помагањето ги прави повеќе среќни луѓето кои помагаат од оние на кои им се помага, такво е барем моето искуство“ – изјавила Свини.

Актерката често во јавноста зборува за тоа колку е приврзана за родителите.

„Се додека самата не станам мајка, нема да знам колку и на кои начини моите родители се жртвуваа за мене и мојот помал брат Трент да ни овозможат среќно и безгрижно детство. Но, сигурna сум дека направија се за да ни го овозможат тоа, и јас сум им бескрајно благодарна за тоа. И пресреќна сум што денес можам да им се оддолжам на свој начин.“ – изјави Сиднеј Свини, чии родители се разведоа токму во моментот кога таа ја започнуваше својата актерска кариера.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.