Познатата убавица целосно се распадна кога виде како изгледа по двојната мастектомија: „Тешко ми е, бев во целосен ШОК“

Убавата американска актерка Оливија Ман (43) неодамна ѝ откри на јавноста дека се бори со рак на дојка. Како што соопшти во едно неодамнешно интервју за локалните медиуми, лекарите биле принудени хируршки да ѝ ги отстранат дојките, што предизвикало предвремена менопауза.

Во емотивното интервју кое го даде за магазинот People, Оливија Мун откри дека целиот процес бил многу тежок, како за неа, така и за нејзиното семејство.

Не бев некој кој е опседнат со смртта или кој на каков било начин се плаши од неа. Но имањето мало бебе дома прави сè да биде многу пострашно. Сфаќате дека на ракот не му е важно кој сте, не му е важно дали ќе имате бебе или ако немате време. Тој те напаѓа и немаш друг избор освен директно да се соочиш со него – изјавила актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Таа одлучила да му даде време на телото да закрепне по операцијата и ја одложила реконструктивната процедура. Меѓутоа, кога лекарите ѝ ги извадиле завоите за време на нејзиниот прв преглед по операцијата, се потресла.

Се видов првпат и бев во шок. Беше неверојатно тешко. Кога дојдов дома, се соблеков и повторно се погледнав во огледало, бев целосно уништена. Многу ми е драго што добив шанса да се борам. Знам дека многу луѓе кои се нашле во иста ситуација не можеле да го направат тоа. Затоа сум многу благодарна – истакна Мун, а се наврати и на моментот кога се предомисли дали да ги отстрани градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by o l i v i a (@oliviamunn)

Имав неверојатни лекари, но сè уште се преговараше што да правам. Но мило ми е што го направив тоа. Сакам да си ја дадам најдобрата можност да ги задржам деловите од себе кои можам да ги задржам – заклучи актерката со солзи во очите.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.