Некогашната убавица на Југославија стекна светска слава: Успеа да ја освои и Тина Тарнер, а еве што прави денес

Во 1990 година Ивона Брнелиќ ја освои титулата за најубава Југословенка, а младата ријечанка во тоа време не ни помислуваше дека нејзината убавина набрзо ќе ја однесе уште подалеку. Инаку, Ивона е и последната мис на Југославија, а откако ја презеде круната, почна животна приказна како онаа од бајките.

Танцувањето беше нејзината страст, па Ивона Брнелиќ работеше напорно и истраја за да стане најдобра. Кога отиде во Лондон да се обиде да се натпреварува со светските убавици на изборот за Мис на светот, Ивона јасно сфати дека сака да ја насочи кариерата кон танцот, кој е дел од целиот нејзин живот.

Таа со години ја придружуваше Тина Тарнер на светските турнеи, а последен пат танцуваше за неа на греми-наградите.

Покрај Тина Тарнер, Ивона работеше и со Destiny’s Child, Spice Girls, Ашер и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josep Madaula (@madaulajosep)

На врвот на својата танцувачка кариера, одлучи да се врати во Хрватска и отвори студио за танц во Ријека.

Сепак, не се знае многу за нејзиниот приватен живот, а иако се шпекулираше дека била во врска со неколку познати мажи, таа тоа никогаш официјално не го потврди.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.