(ФОТО) Која е мистериозната русокоса која ги засени сите во Белата куќа?

 Таа е исклучително приврзана за претседателот на Америка, а нејзиното време допрва следува.

Американскиот претседател Џо Бајден (81) ги покани гостите на државниот банкет во Белата куќа – настан во чест на јапонскиот премиер Фуми Кишида (66). Меѓу гостите имаше државни функционери и познати личности, но едно лице привлече најголемо внимание.

Долгиот црвен фустан со длабок шлиц, голите рамена и бујното деколте – беа доволни сите погледи да бидат насочени кон внуката на Џо Бајден.

Финеган Бајден (23) е ќерка на вториот син на Бајден, Хантер, а нејзиниот изглед привлекува внимание каде и да се појави.

Финеган е една од седумте внуци на Бајден и е исклучително блиска со нејзиниот дедо и често се појавуваат на јавни настани.

Таа е и политички активна. Уште во средно училиште, Финеган почна кампања за промена на кодексот на облекување на училиштето. За време на пандемијата на коронавирусот, таа ги смени роковите на универзитетот за полагање завршни испити преку петицијата што ја почна.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.