Познатата манекенка позираше гола и покажа како изгледа на 59 години: „На сите што ќе ми солат памет им го порачувам ОВА“ (ФОТО)

Смело

На 9-ти април го прослави својот 59-ти роденден, кој на Инстаграм го одбележа со фотографија на која нема облека.

Полина Поришкова им се обрати на оние кои ја следат и на пошироката јавност, пресреќна што е на прагот на седмата деценија. Во описот на фотографијата, бившата манекенка порача:

Мојата последна година од педесеттите. Тоа беше најлошата, најтешката деценија, а исто така и декадата од мојот живот што ми донесе просветлување. Горда сум што стигнав до 59 години! И ќе продолжам да бидам горда на секое ниво што ќе го достигнам во оваа игра на животот. На 59 години никогаш не сум се чувствувала подобро во мојата кожа, која доживеа толку многу. (Сите вие ​​што ќе ми држите лекции за годините и голотијата, бидете сигурни – ми требаа 59 години да се чувствувам вака самоуверено и да не се срамам и ви го посакувам истото).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Мислам дека изгледаш одлично“, „Убава, моќна, силна жена и одличен пример за сите нас“, „Среќен роденден, светот е подобро место благодарение на тебе“, „Зошто воопшто објавуваш ваква слика ?“, коментарите се позитивни и негативни, иако првите ги има значително повеќе.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.