Позната манекенка ја стопирала полиција, а таа емоционално „пукнала“: Плачела и бегала од фотографите! (ВИДЕО)

Се гледа дека била многу вознемирена...

Бразилската манекенка Жизел Бундхен се расплакала бидејќи повеќе не можела да го издржи притисокот одјавноста.

Имено, Жизел била сопрена од полицијата, а набрзо почнала да плаче, но не поради казната… На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како манекенката е вознемирена, а на видеото е и полицаец кој и издал билет за несоодветно возење.

„Ме гонат… Има уште. Види го тој тип“ – вознемирено му рекла на полицаецот мислејќи на фотографот.

Полицаецот ја советувал Жизел да поднесе пријава во полиција, информирајќи ја дека „малку може да направи во овој момент“.

Потоа таа се расплакала:

„Јас сум многу изморена. Каде и да одам, зад мене ги имам овие куртоазни пи*ки. Ништо не ме штити. Не можам да направам ништо. Сакам само да го живеам својот живот“ – рекла Жизел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.