Анално ја силувал со пиштол, па ја убил, а на полицијата ѝ кажал дека сето тоа било несреќен случај!

Обдукцијата ја открила морничавата вистина

Манекенката Линда Собек, како и секој ден, тргнала на работа и ни на сон не можела да си замисли дека животот ќе ѝ го одзеде мажот со кого соработувала, и тоа на толку ужасен начин!

Линда Собек, манекенката која сонувала големи, но реални соништа, со леснотија ги освојувала модните фотографи, кои едвај чекале таа да застане пред нивниот објектив. Сонувала да стане и актерка, но кога била на чекор да остварувањето на таа желба – исчезнала. Никој не знаел што ѝ се случило дента кога тргнала на работа на 16. ноември 1995 година, но по осум дена, морничавата вистина испливала на површината.

Нејзината трагична судбина е раскажана во книгата „Фатални фотографии“ на Џек Р. Нерад, потоа во филмот „Приказна за Кен и Барби“, како и во документарец за мистериозни случаи во светот на познатите.

Имено, Линда неизмерно ѝ се радувала на улогата во најпопуларниот ситком на светот во тој момент „Брачни води“, но сплет на непредвидени животни околности ја спречиле да заблеска на малите екрани. Таа го изгубила животот на трагичен начин, а ја убил човекот од кого најмалку очекувала дека воопшто може и да помисли такво нешто, а камоли да го направи.

Уште на 27 години имала импресивна кариера, а интересно е што не одбивала ниту еден ангажман. Иако била многу привлечна и сексапилна, многу била свесна и за своите недостатоци – со оглед на тоа што не била многу висока (само 160 см), знаела дека не може да биде топ-модел на ревии, па затоа тргнала по поинаков пат и излегло дека тоа е најдобрата одлука што можела да ја донесе – му се посветила на моделството и на фотосесиите за магазини.

Како и секогаш, Линда во истото време тргнала на снимање и сликање, на 16 ноември пред 28 години. Не ни претпоставувала дека никогаш веќе нема да се врати во својот дом.

Фотографиите на Линда биле пронајдени во корпа за отпадоци

Откако нејзината мајка се загрижила и го пријавила исчезнувањето на ќерка ѝ, работник во близина на Националната шума Анџелес во една корпа за отпадоци пронашол фотографии од Линда, нејзиниот роковник и документ со заложно право на „лексус“ на нејзино име.

Случајот одекнал во јавноста, на сите насловни страници го пишувало името на Линда, а постоело само едно прашање: што ѝ се случило?

По осум дена од исчезнувањето на манекенката, фотографот Чарлс Ратбан доброволно се пријавил во локалната полиција.

Признал дека ѝ го одзел животот на манекенката и дека ја одвел до местото каде што го закопал телото. Прво тврдел дека убиството било несреќен случај, откако ја удрил со своето возило без намера да ја убие, додека ѝ покажувал како се управува со теренски автомобил по планините. Од друга страна, обдукцијата покажала сосема поинакви резултати – Линда била задавена.

Како што пишувале The Detroit News во екот на овој случај, Линда Собек и Чарлс Ратбан се запознале еден месец претходно на саем за автомобили во Лас Вегас, а манекенката му дала своја визит-карта и телефонски број на фотографот и му кажала да смета на неа, ако му затреба модел за некаква работа. Наводно, тие веќе во наредните недели соработувале повеќепати.

За време на судењето во 1996 година, обвинителството изнело докази дека Линда Собек била анално силувана со пиштол во моментот на смртта и дека намерно била задушена. Ратбан моментално е осуден на доживотна затворска казна, без можност за условно излегување на слобода.

Бившиот ја СИЛУВАЛ 8 часа, а потоа ЈА ПОЛЕАЛ со киселина: Оваа убавица што преживеа пекол е жив доказ дека постојат ЧУДА
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.