„Жена ми секогаш беше запустена, па најдов љубовница“: Исповед на човек кој добил силна шлаканица од реалноста!

Еве зошто овој човек се одлучил за неверство

Овој човек, кој открил зошто си нашол љубовница покрај жена му, ќе им го промени мислењето на многумина

Некои мислат дека неверствата го освежуваат бракот и го прават поцврст, но познато е и дека многу афери ги имаат уништено и најцврстите бракови и семејства. Меѓутоа, понекогаш вреди да се запрашаме која е причината што довела до прељуба, а исповедта на овој човек можеби е одговорот на ова прашање:

„Западнав во класичен стереотип: ми се згади мојот брачен живот. Две деца, кавги, секој ден едното исто, уморна и вечно незадоволна жена…
Одлучив да оставам сè и да продолжам понатаму. Си најдов потенцијална љубовница: новата колешка во мојата фирма. Млада, весела, згодна, безгрижна… Вистинско освежување!

Почнав да ѝ се додворувам. Ја водев по кафиња, на ручеци, постојано се шегував. На сопругата ѝ ги сервирав класичните изговори: падна серверот, заглавив на состанок и слично.

И како резултат на неколкуте месеци додворување, девојката ми вети секс. Договорот беше во сабота да дојдам кај неа дома. Дотогаш никогаш ме немаше покането кај неа. Се вратив дома порано: среќен, додека хормоните ми дивееја како кај тинејџер. Мозокот ми се исклучи. Тие денови размислував со друг орган од телото…

А дома, истата сцена како и секогаш: сопругата уморна, децата уредно сместени во кревет.

Невозможно е да се сокрие нешто од жена. Тие можат да ви прочитаат сè од лицето, како професионалци. Така, мојата сопруга веднаш забележа дека сум задоволен.

Не ми беше грижа што таа, изгледа, сè забележуваше. Но ништо не коментираше, само кажа дека паѓа од умор и откако ги изми садовите, отиде во соба да спие.

Едноставно не можев да ја дочекам саботата. Среќен, фантазирав за нешто што само што се немаше случено…

Се истуширав и отидов во спалната соба. Ме пречека следнава слика: сопругата спие потполно облечена, косата разбушавена, со размачкана шминка на лицето. Покрај креветот стоеше фотографијата од нашата свадба.

На неа сопругата прекрасна, млада, среќна…Ни малку слична на онаа жена што лежи сега покрај мене. До мозокот ми допре следнава мисла: што ѝ се случи?

Полека почнаа да ми надоаѓаат сеќавања на неа како трудница, како млада мајка, како жена што ја жртвувала својата кариера поради децата, жена која секој ден готви и чисти, дипли и пегла брда облека…

Ја споредив со младата колешка. Сфатив дека мојата сопруга беше токму таква пред бракот, децата и мене, идиотот.

Што правам јас? Да ја оставам сопругата поради љубовница? Да ги уништам децата и нивното детство?!

Одеднаш ме облеа ладна пот. Трескавично почнав да размислувам што да правам, како да го поправам сето ова…

Штом се раздени, ѝ се јавив на мајка ми со молба децата да бидат кај неа за време на викендот. Таа веднаш се согласи.

Отрчав до пекарница и купив појадок, ги разбудив децата, ги облеков и ги подготвив за училиште и градинка. Сопругата сè уште спиеше – исцрпена.

Се јавив на работа и кажав дека сум болен, па ја разбудив сопругата, ни сварив кафе и го послужив појадокот. Ме гледаше збунето. Ѝ признав сè. Ме слушаше внимателно. Одлучивме да поминуваме повеќе време заедно.

Го прекинав секој контакт со љубовницата. Беше тешко, неколку пати го менував телефонскиот број, но на крајот ме остави на мира.

Мојата сопруга беше повторно онаа старата. А ја знаете онаа изрека: среќна жена, среќно семејство? Е, токму така е сега кај нас дома!“

„Маж ми си најде љубовница и ја доведе дома, веќе 15 години живеам со нив“: Мира цел живот работела, додека тој ја изневерувал!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.