Ова е омилениот парфем на Јелена Розга што го користи 20 години: Ги возбудува мажите, а дамите ги прави поженствени!

Долготраен и неодолив

Омилениот парфем на Јелена Розга е прогласен и за најубав мирис на светот!

Пејачката Јелена Розга важи за дама што негува природен изглед, а сите ѝ се воодушевуваат на нејзината младоликост на 46-годишна возраст! Имено, многу луѓе од регионот го делат истото мислење: нежната русокоса е неспоредливо поубава и похаризматична од многу нејзини помлади колешки. А покрај со совршениот моден вкус, својот сексапил дополнително го нагласува и со еден парфем што го обожава повеќе од 2 децении.

„Парфем што го користам повеќе од 20 години, засекогаш и единствено Dior Hypnotic Poison“, рекла пејачката за Index.hr.

Според веб-сајтот Fragrantica, токму овој мирис е изгласан за најдобар парфем на сите времиња! Дава неверојатна доза на заводливост, а во комбинација со совршено склопен стајлинг, ја подигнува и самодовербата.

Лансиран е во 1998 година, а го креирале Аник Менардо и Кристијан Дусолиер. Горните ноти се кокос, слива и кајсија, средните ноти се бразилско ружино дрво, јасмин, ким, тубероза, роза и момина солза, а базните ноти се ванилија, бадем, сандаловина и мошус.

Негово заштитно лице била фаталната Мила Јововиќ, која снимила кампања за „Диор“ веднаш штом излегол парфемот, а фотографиите тогаш биле објавени во италијанскиот „Вог“.

Dior Hypnotic Poison е интригантен ориентален мирис, кој претставува спој на ноти на абсолут јасмин самбак со абсолут есенција на цвет од портокал, кои, пак, се преплетуваат со интензивните ноти на зрното тонка. Неодоливата привлечност на парфемот му ја даваат нотите на ванила.

Дали сакате вашиот омилен парфем да трае подолго? Еве неколку добри трикови!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.