Му го растурила бракот за да се омажи за него: „Не ми е жал за неговата сопруга, требала подобро да го чува!“

Исповед на љубовница

Исповедта на оваа љубовница предизвикала бурни реакции

Дали љубовната афера може да прерасне во брак? Исповедта на една љубовница предизвикала поделени мислења. Вака Емили ја започнува својата приказна:

„Никој не сака да биде другата жена, барем јас мислам така. Никогаш не ни сонував дека ќе се вљубам во оженет маж, но ете, се случи. Само еден негов поглед беше доволен за комплетно да го изгубам разумот.

Јас и Џон се запознавме во фирмата во којашто работевме. Поминувавме многу време заедно. Иако ми се допаѓаше, немав намера да бидам со него. Една година се дружевме, а јас бев во врска во тоа време. Мислев дека нашиот однос нема иднина и ништо не преземав додека тој ми даде сигнал еден ден. Јасно ми стави до знаење дека му се допаѓам.

Луѓето околу мене забележаа дека сум вљубена и среќна, но не сакаа да бидам нечиј втор избор. Сепак, јас знаев дека го запознав човекот на мојот живот.

Набрзо започнавме врска и се криевме една година. Иако ми беше убаво во таа врска, помислата дека мораме да ја чуваме во тајност ме излудуваше, па инсистирав да ѝ каже сѐ на жена му. Така и беше, тој расчисти сѐ што имаше со неа и поднесоа документи за развод.

Денес јас сум негова сопруга и сигурна сум дека никогаш нема да ме изневери. Не ми е жал за неговата жена, требала да му посветува повеќе внимание. Така никогаш не би ни помислил да ја остави.

Не сум најгорда на начинот на којшто започна нашата врска, но љубовта пресуди. Да имало доволно љубов во нивниот брак, јас не би имала никакви шанси“.

Што мислите вие за оваа ситуација? Се согласувате со љубовницата која станала сопруга?

„Ти го враќам мажот, зашто навистина те сака“: Љубовницата ѝ напишала писмо на сопругата и ѝ ги отворила очите
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.