Била лудо вљубена во него, му родила три деца, а тој ја оставил: По разводот поминала 24 години во дивина!

Љубовната приказна на Стивен Сегал и Кели Леброк

Љубовната приказна на Стивен Сегал и Кели Леброк е преполна со интересни детали

Познатиот актер Стивен Сегал денес полни 72 години, а сѐ уште изгледа младолико. Актерот има многу необични интереси поради што често го привлекува вниманието на јавноста, а и неговиот љубовен живот исто така неретко бил во фокусот.

Познато е дека актерот бил во брак со актерката Кели Леброк, со која добил три деца. Но по 9 години заеднички живот, дошло до бурен развод.

Кели многу тешко го поднела разводот. Медиумскиот притисок бил огромен и семејството многу страдало поради нивниот бракоразводен спор. Токму затоа, Кели одлучила да се повлече од јавноста и поминала повеќе од 24 години во медиумска илегала. Се шпекулирало и дека Стивен ја силувал во бракот, но никогаш не сакала јавно да зборува за тоа.

„Кога ја напуштив кариерата, се преселив во дивина каде што 25 години живеев без телевизор. Го направив тоа што сметав дека е најдобро како самохрана мајка. Имам три прекрасни деца. Секогаш можев да ѝ се вратам на мојата кариера, но никогаш не ќе можев да им се вратам на моите деца. Некои луѓе ги можат и двете работи. Но јас веќе имав стекнато слава и завршив со тоа“, рекла Кели.

Таа денес живее во Калифорнија на својот ранч, но ретко се појавува во јавност, па иако има социјални мрежи, не сака премногу да го покажува своето лице, кое, како што тврдат обожавателите, го уништила со естетски корекции.

Сегал имал и проблеми со законот неколку пати, а голема прашина се кренала по обвинувањата за злоупотребување од страна на негови поранешни колешки. Првото обвинување го добил во 1995 година, а последниве неколку години често беше на удар на новинарите од истите причини.

Можеби неговата мрачна страна е причината и зошто се женел четири пати. Во 1974 година се оженил со Јапонката Мијако Фуџитано, ќерка на неговиот инструктор по аикидо, додека нивниот брак траел до 1987 година. Заедно го добиле синот Кентар, кој се занимава со глума и ќерката писателка Аиако.

Стивен бил виновен за разводот со Мијако, бидејќи започнал афера со моделката Кели Леброк. Поради неа се преселил во Америка и ги оставил сопругата и децата во Јапонија.

Во 1984 година актерот се оженил со колешката Адреан Ла Руси, но тој брак не бил законски важечки, бидејќи сѐ уште се немал разведено од првата сопруга. Истата година, кога неговиот развод од Миако станал официјален, се венчал со Кели, со која добил две ќерки и син. Нивниот брак завршил во 1996, а како причина за тоа ги навеле „непомирливите разлики“.

Во 2009 Стивен се оженил четврти пат со монголската актерка Ердентија Бетшук, со која добил син Кунзанг.

Беше најубавата жена во 1980-те, а потоа се повлече од јавната сцена и 24 години живееше во дивина: Еве како изгледа денес!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.