Ова е НАЈОПАСНОТО НЕШТО НА СВЕТОТ: 5 минути по контактот ве чека сигурна смрт, а го носи симпатичното име „Слоново стапало“

По контактот со бетон, материјалот го смени својот состав, се изладил и зацврстил.

Несреќата во нуклеарната централа во Чернобил, во близина на градот Припјат во Украина, се смета за една од најголемите, ако не и најголемата еколошка катастрофа во историјата.

И, дали знаевте дека во срцето на озлогласената зона на исклучување (под реакторот број 4) има смртоносен радиоактивен објект, кој убива за неколку минути? Поради својата бизарна форма, наречен е „Слоново стапало“.

Станува збор за маса од токсичен материјал, создаден во зората на нуклеарната катастрофа во 1986 година, од многу опасниот кориум.

Спасувачките служби го откриле „Слоновото стапало“ кое лежи во темната комора, а се верува дека материјалот истекол од реакторот и завршил на заштитниот под.

По контактот со бетонот, го променил составот, се изладил и се стврднал, пренесува The Sun.

Според очитувањето, масата и денес испушта доволно зрачење за да убие за 300 секунди. Доколку дојде до контакт со неа, последиците би биле внатрешно крварење, конвулзии, неконтролирано повраќање, дијареа и секако болна смрт.

Многумина веруваат дека „Слоновото стапало“ е најопасниот отпад на светот, а јавноста до денес има видено само две фотографии.

Зрачењето влијаело и на камерите, па тие се со послаб квалитет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.