„Ти го враќам мажот, зашто навистина те сака“: Љубовницата ѝ напишала писмо на сопругата и ѝ ги отворила очите

Прочитајте

Неодамна на социјалните мрежи осамна писмо што љубовницата ѝ го испратила на сопругата на човекот со кого се гледала

Љубовница ѝ испратила писмо на сопругата, а тоа станало вирално на социјалните мрежи. Нејзините искрени зборови не само што ѝ ги отворила очите на сопругата, туку им послужиле и на многу жени ширум светот како силна порака за храброста, вистината и емпатијата.

Во писмото, љубовницата детално ја опишала својата врска со женетиот човек и ја открила вистината за нивната тајна врска. Отворено признала дека се состанувале, дека сопругот често доаѓал кај неа под изговор дека оди во вежбалница.

Ви го пренесуваме писмото во целост:

„Сигурно си шокирана додека го читаш ова, но вистината е дека твојот сопруг не е таков каков што ти го гледаш. Чувствувам потреба да ти откријам нешто што ќе ти го скрши срцето, но важно е да ја знаеш вистината. Веќе пола година сум во врска со твојот сопруг, а ти не знаеше ништо за тоа.

Се гледаме додека тој тебе ти кажува дека оди да вежба. Можеби не си забележала промена на него, бидејќи тој воопшто не оди во вежбалница. Наместо тоа, доаѓа кај мене секој втор ден. Иако чувствувавме привлечност еден кон друг, време е да ставиш точка на нашата афера.

Твојот сопруг е фрустриран од твоето однесување. Го нервира што го следиш насекаде и што постојано го критикуваш тоа што го прави. Го нервира твојата постојана нервоза и твоето одбивање на секој негов обид да те направи среќна. Доаѓа кај мене, не затоа што ме сака, туку за да се ослободи од стресот и да најде разбирање што не го наоѓа кај тебе. Те молам, дозволи му да те сака, дозволи му да те направи среќна, престани постојано да го критикуваш.

Можеби ќе посакаш да го оставиш откако ќе дознаеш за аферата, но пред да донесеш одлука, размисли за твоите постапки. Јас ја иницирав нашата врска, а тој повеќе беше заинтересиран за разговор. Често зборувавме за тебе, повеќе одошто делевме нежности. Не сакам веќе да се мачам ни јас, ни тој. Ти го враќам за да ги решите вашите проблеми. Размисли добро за сè!“

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.