Ким Кардашијан првпат го покажа лицето БЕЗ ШМИНКА и сите се шокираа од мозолчињата: „Не ни сонував дека ќе изгледам вака“

Ким Кардашијан ретко се гледа без шминка, најчесто е облечена од глава до петици, а сега одлучи да го покаже своето „вистинско лице“. Познатата старлета одамна призна дека боледува од псоријаза и дека кожата често ѝ изгледа многу лошо.

Сепак, Ким Кардашијан не се срами од својот природен изглед, па на своите фанови на Инстаграм им покажа во каква состојба е моментално нејзиното лице.

Постојано имам акни, тоа е вистински напад. Зборував за тоа, но мислам дека луѓето би биле зачудени кога би виделе како навистина изгледаат, вели Ким во видеото на Инстаграм, во кое покажа како таа изгледа без шминка.

Никогаш не мислев дека ќе имам „возрасни“ акни во моите 40-ти години. Мојата кожа стана почувствителна со текот на годините и пробав секакви начини да откријам зошто имам акни. Ги сменив производите што ги употреба, размислував да престанам да користам масла, но тоа не ми помогна. Можеби се од хормонална причина или поради сменетата суплементација, бидејќи секогаш кога менувам нешто во исхраната добивам акни, изјавила старлетата.

Ким во неколку наврати зборуваше и за псоријазата со која се бори со години. Понекогаш тие рани на лицето и телото не се толку видливи, но понекогаш не може и не сака да ги сокрие. Кога е под голем стрес, раните стануваат поголеми. Веќе е познато дека Ким користи густа пудра за да ги покрие рацете и нозете, а самата креираше линија на шминка за тело.

Псоријазата ми стана сосема нормална со текот на времето. Без разлика каде е на моето тело, понекогаш ми одговара да ја покажам, а понекогаш не сакам да ми го одвлекува вниманието, па ја покривам со шминка за тело, откри тогаш Ким.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.